Пожарот во атарот на делчевско е активен при што се појавиле нови жаришта. Првата локација кај село Разловци на местото викано „Локалица“. Пожарот е локализиран, но екипите се уште на лице место, информира Центарот за управување со кризи во извештајот за состојбата со пожарите до 16:00.

Пожарот во атарот на на село Разловци е целосно ставен под контрола, а на терен се останати дел од припадниците на Шумското стопанство и Армијата. Останатите екипи се упатени на потег Будинарци – Митрашинци. Пожар има и во атарите на селата Тработи и Нов Истевник над Света Вода. Пожарот е ставен под контрола, каде остануваат 4 вработени од Шумското стопанство да се контролира и понатаму, а останатите се повлечени и упатени на другата локација кај Разловци, посочува ЦУК.

Во извештајот се наведува дека пожарот на територијата на Општина Пехчево е се уште активен и се проширува на територијата на Општина Берово. Гаснењето се одвива на непристапни подрачја на село Будинарци.

Се бара помош од Армијата со 30 војници и средства за гаснење на пожарот бидејќи ситуацијата е алармантна. Пожарот кој беснее во атарот на Будинарци од силниот ветер се шири кон атарот на Мирашинци каде гори борова шума. Пожарот се шири без контрола сите сили се распоредени поради лошиот терен интервенираат само со помалите цистерни. Воздушна поддршка немаат.

ТППЕ-Штип во 12:00 часот, добиле дојава за пожар кој избувнал во атарот на село Драгоево во Општина Штип каде гори сува трева смрека и нискостеблеста шума

Има сознанија за ново жариште кај село Богословец на територијата на Свети Николе.

Од страна на БППЗ и од ШС „Караџица“ е добиено известување дека пожарот кај Раовиќ–Буковиќ се движи кон сртот и нема опасност за селата. Гори мешана шума и е на доста непристапен терен. На место на пожарот нема ниту една екипа.

– Во 15,45 часот остварен е контакт со одговорно лице од Ловиштето- Јасен кој пренел дека пожарот е до сртот, тие на лице место имаат 8 луѓе кои прават напор да се задржи огнот но проблем им е што жариштето е на 8-9 километри од местото каде можат да се надополнат со вода. Поради тоа бараат помош, ако е можно од воздух бидејки пожарот е на непристапен терен, гори мешана шума, смрека, висока трева, и доколку го смени правецот луѓето ке бидат во опасност, се истакнува во извештајот на ЦУК.

Во врска со пожарот кај Катланово, односно Дивље и Крушје, поради интевенција од воздух, гасењето од земја било оневозможено. БППЗ на терен остана со 1 возило и 2 пожарникари, а екипата од ШС „Караџица“ целосно се повлече, бидејки немаат ротација и беа преморени. Според сознанијата од двете страни по налетите на воздухопловите не е направен никаков прогрес во однос на намалување на огинот, можеби дури и спротивно, пожарот е разгорен и проширен. Поради недостаток на релевантни информации нема можност да се дефинира пожарот ни како активен ниту како под контрола или локализиран, се додека официјални лица не го потврдат тоа.

– Од ТППЕ Св. Николе сме известени дека во 11.30 часот има повторно задимување кај Богословски рид. Истите се вратија во 15.30 часот и не известија дека поради силниот ветер во внатрешноста на големата опожарена површина дими од недогорените дрвја и нема опасност од повторно активирање, се наведува во извештајот.

Во атарот на с.Светомитрани запалено е ѓубре и пожарот е проширен локално.

На лице место интервенира екипа на ТППЕ-Крушево со 1ПП возило и 2 пожарникари,1 припадник на МВР и 1 вработен во ЈП,,Липа“.Во моментот пожарот е локализиран но екипата останува на терен да ја контролира состојбата.

Во моментот има 2 активни пожари на отворен простор и тоа: во атарот на селата Дрен- Смолане каде гори сува трева и шума, а постои опасност да биде зафатена и високостеблеста борова шума.

Последна информација добиена од ТППЕ-Прилеп е дека пожарот е локализиран но екипите се се уште на терен.