TIRANA, ALBANIA - MAY 28: Macedonian Prime Minister Nikola Gruevski speaks during Tirana Talks at the Vienna Economic Forum in Tirana, Albania, on May 28, 2015. Vienna economic forum is held in the framework of the Berlin summit, where the countries of the region will present their economic projects. Albania, Serbia, Montenegro, Bosnia, Kosovo, Macedonia, and Greece take part in the forum (Photo by Olsi Shehu/Anadolu Agency/Getty Images)

Партијата ВМРО-ДПМНЕ слави 31 година од постоењето, а денеска на социјалните мрежи роденденот го честиташе и поранешниот нејзин лидер, Никола Груевски, моментно осуден во Македонија, а политички азилант во Унгарија. Вели дека честита заштоа што бил водачна партијата долги години низ мноштво, како што вели, победи и успеси.

Додава дека ВМРО-ДПМНЕ низ годините, биланосител на најголемите општествени и економски промени, реформи и напредоци на Македонија. Во моментот на заминувањето таа партија броела 181.000 членови и тогаш, вели Груевски тие биле носители на тие промени.

„Денес кога Македонија е под режимот на една мафијашка власт која економски ја врати Македонија децении назад, која го контролира правосудството и ја диктира неговата работа во најситни детали од тоа кој да биде прогонуван до тоа кога и на каков начин тоа да се објави и пласира на јавноста преку мноштвото контролирани медиуми, кога националните интереси се на распродажба и кога криминалот и рекетот се главната водилка на власта, од најголем интерес за Македонија е силно и моќно ВМРО-ДПМНЕ. А силата е во секој член на партијата, во секој активист, во секој поддржувач и во секој човек во земјата и дијаспората кој сака многу поуспешна и попросперитетна Македонија, пишува Груевски.