Теоретски гледано, декретот на американскиот претседател Џо Бајден би можел да ја испразни македонската политичка сцена, па дури и да ја лиши земјата од најголемата опозициска партија, оценува универзитетскиот професор и прв министер за надворешни работи Денко Малески, по најновата извршна наредба со која се предвидуваат санкции и за непочитување на Преспанскиот договор, покрај Рамковниот договор.

-Индивидуи и организации, кои работат против овие два договори, можат да бидат санкционирани со забрана за влез во САД и со замрзнување на нивниот имот таму. Такви поединци, разбирливо, не можат да ја водат државата.

„Ова е притисок врз Македонија“, велат нашите националисти. „Ние само ја изразуваме волјата на мнозинството Македонци“. Точно. Но, притисок е второто име на меѓународната политика, како и улогата на моќта во неа: да натераш некого да стори нешто што не би го сторил без принуда, вели Малески во интервју за „Дојче веле“.

Тој оценува дека грчката десница се опамети и го прифаќа она што потпишала претходната влада. Наспроти тоа, како што вели, македонската десница, секојдневно, демонстрира дека не ја научила оваа лекција и и пркоси на големата сила која го пацифизира експлозивното балканско подрачје на Европа и ја стабилизира Северна Македонија.

Целиот текст прочитајте го на ФОКУС ОВДЕ