Актерот Силвестер Сталоне објави видео снимка на својот Инстаграм профил, која ја нарече „најјакото селфи“ бидејќи во истиот кадар се наоѓаат некои од најголемите актерски имиња во Холивуд.

„Екипа каква што нема никаде. Ќе ми недостасува оваа група на луѓе“, напиша актерот покрај видеото кое за помалку од 24 часа собра повеќе од 3 милиони прегледи.

Во видеото покрај Силвестер Сталоне се наоѓаат и неговите славни колеги Арнолд Шварценегер, Мел Гибсон, Џејсон Стетам, Весли Снајпс, Харисон Форд, Антонио Бандерас…

Токму од таа причина, овој кадар доби епитет „најјакото селфи во историјата“.

„Погледнете ја оваа екипа, најјакото селфи во светот“, изјави Сталоне на видеото, а со причина многумина велат дека неговиот епитет е оправдан.

Инаку селфи видеото настанало за време на снимањето на трилогијата „Платеници“.

Линк Sly Stallone (@officialslystallone) • Instagram photos and videos