Синоќа се одржала забава во дворот на Музејот на Македонија, известува А1он.мк

Како што пишува порталот А1он.мк за журката на која немало никаква дистанца и стотици гости без маски, се пофалил самиот диџеј кој ги забавувал гостите.

Ваквиот тип на забави и собири уште се забранети, на сила се мерките кои не дозволуваат групирање на повеќе од четворица. Истовремено, како што пишува и самиот портал се уште на сила е одлуката за носење на маски на отворен и затворен простор.

Според директорката на Музејот на современа уметност, Мира Ѓакина, вели дека настанот се организирал според протоколи, а диџејот не правел журка туку перформанс.

Од МВР изјавила дека веќе постапуваат по овој случај и дека за истиот најавуваат казни за непочитувањето на мерките.

Целиот текст прочитајте го во продолжение

на А1он.мк на линкот ВИДЕО: Стотици лица синоќа биле на забранета журка со диџеј пред Музеј на Македонија, МВР најавува казни (a1on.mk)