На самиот почеток од својата врска со Меланија, Доналд Трамп паралелно се гледал со уште една позната девојка со која сакал да се венча.

Не е тајна дека некогашниот бизнисмен и претседател на САД секогаш бил опкружен со убави жени, како и дека бил во врска со многу познати убавици.

Меѓу нив била и манекенката Кара Јанг која Трамп наводно се обидувал да ја заведе, а тоа му успеало во 1997 година.

Парот бил заедно две години во среќна врска, а долго се пишувало и дека таа била единствената со која Доналд сакал да се венча.

Нивната врска била сериозна, но Кара одбивала да се согласи на венчавка поради тоа што имала син од нејзиниот претходен брак.

Сепак, тоа што оваа приказна ја прави интересна е тоа што тие биле заедно кога Доналд паралелно бил на почеток од љубовната врска со Меланија.

Имено, Доналд Меланија ја запознал во 1998 година, а со неа наводно се гледал додека сè уште бил во врска со Кара. Па, така овие две убавици станале „ривалки“.

Пред три години, во книгата „Белата куќа Трамп: Менувајќи ги правилата на игра“ опишан е еден инцидент од приватниот живот на Доналд во кој главните ѕвезди се Меланија и Кара.

Имено, Меланија во популарната зграда на Трамп во Њујорк видела како од неа излегува Кара Јанг за која Доналд ѝ кажал дека е негова поранешна девојка. Меланија наводно бурно реагирала, па раскинала со Трамп.

„Не се двоумеше. Само раскина со него и нареди облеката да ѝ се испрати назад“, напишал Кеслер во книгата.

Тој додал и дека Доналд бил импресиониран од карактерот на Меланија, па се потрудил да ги поправи работите, а по една седмица се смириле и ги поправиле своите односи.