Халима Сисе (25) и нејзините пет девојчиња и четири момчиња се чувствуваат добро по породувањето.

Таа отиде во Мароко за да се породи, за да се осигура дека нејзините бебиња ќе имаат најдобра грижа кога ќе се родат.

– Момчињата и девојчињата, како и нивната мајка се чувствуваат добро – рече министерот за здравство на државата Мали. Жената родила со царски рез, а ваквите случаи се многу ретки во медицината.

Бременоста на Халима го привлече вниманието дури и на владата на оваа западноафриканска земја. Кога лекарите во март рекоа дека ќе роди седум деца и дека и е потребна посебна грижа, вршителот на должноста претседател на Мали, Бах Ндав, нареди да ја испратат во Мароко, каде што се случи породувањето.

Мајката и нејзините девет бебиња треба да се вратат дома за неколку недели.

Портпарол на мароканското Министерство за здравство, Рашид Кудари, нагласува дека нема запишани податоци дека досега во мароканските болници се родени деветмина.