Популарната серија на „Netflix“ – „La Casa de Papel“ завршува со петтата сезона која ќе биде објавена до крајот на оваа година.

„Она што започна како грабеж, заврши како семејство. Серијата завршува со петта сезона. Им благодариме на фановите што се дел од „La Resistencia“. Едвај чекаме да ви покажеме како завршува оваа приказна“, наведуваат од „Netflix“.

Актерите од серијата во последните неколку недели објавуваат фотографии на социјалните мрежи од последните дена на сетот.

„La Casa de Papel“ (Money Heist) е најуспешната шпанска серија на „Netflix“ и беше главно издание кое не е на англиски јазик сè додека не дебитираше француската серија „Lupin“ во декември.

Серијата се фокусира на група измамници и крадци кои се обединуваат под водство на „професорот“ за да ја ограбат Кралската ковачница на пари во Шпанија.

Серијата настанала на шпанската мрежа „Antena 3“ и имала слаба гледаност сè додека не ја презеде стриминг платформата „Netflix“ и ѝ вдахне нов живот, трансформирајќи ја во најголемото шоу кое некогаш излегло од шпанскиот пазар.

ИЗВОР: ТОЧКА