Денеска, во близина на регионалниот вакцинален пункт во Штип, опозициската ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција, а на неа присутен беше и градоначалникот на владејачката СДСМ, Сашо Николов.

Најпрво, од ВМРО-ДПМНЕ прашаа во кое својство и врз кои надлежности градоначалникот Николов и неговите соработници воведувале ред во вакциналниот пункт во Штип.
Потоа, прашаа дали преку ред се вакцинирале партиски активисти и членови, на СДСМ. За потоа да прашаат како може блиски луѓе на градоначалникот да се вакцинираат пред хронично болните и вработените во маркетите и текстилот. На крајот, обвинија дека вакциналниот пункт станал партиска својина на градоначалникот на Штип, Сашо Николов.

Откако заврши излагањето на активистот на ВМРО-ДПМНЕ, се заблагодари на прашањата, а потоа и свој одговор и коментар даде првиот човек на Штип, Д-р Сашко Николов.

Тој појасни дека логистиката и градењето на вакциналниот пункт е дело на општината Штип и приватниот сектор кој помогнал. Потоа, тој кажа дека сите граѓани кои се пријавиле и добиле термин преку електронскиот систем ,,Мој термин” , оделе на вакцинација, а оние кои не се пријавиле стојат и чекаат во редот пред пунктот.

Градоначалникот на Штип, потенцира дека добиле дозвола од Министерството за здравство со која сите граѓани над 60 години можеле да се вакцинираат без разлика на партиската припадност и дека е во заблуда активистот на ВМРО-ДПМНЕ ако мисли дека сите тие граѓани се членови на СДСМ.

Целосното видео може да го погледнете овде.