Д-р Ненад Лазаров е роден на 17 март 1984 год. во Скопје, каде го завршува своето основно и средно образование. Во септември 2010 дипломира на Медицинскиот Факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Одлично го познава англискиот јазик, а исто така има познавања и од словенечкиот јазик. Тој во моментов работи како матичен лекар.

Тој често знае да објави фотографија, статус, но и да упати критика до одреден дел од населението или Владата за преземените мерки за заштита со Ковид-19.
Откако помина продолжен викенд во кој голем дел од граѓаните заминаа во Охрид, привлечени од убавините на градот, убавото време, но и привлечните понуди на сместувачките капаците и хотели, д-р Лазаров се огласи со статус на својот фејсбук профил:

,,Еден хотел да се сетеше да направи аранжмани за медицинари, за почеток редовен персонал во интензивна и ковид центри, да одморат еден викенд, да ги потинтрате малку заслужено, ама не. ”