Постои и многу добра причина зошто ова копче всушност не работи – така што луѓето со било какви попречености или инвалидитет имаат доволно време да влезат во лифтот.

Верувале или не, во лифтот има копче кое воопшто не служи за никаква намена!

Не, тоа не е само уште една теорија на заговор, туку извршниот директор на американската компанија задолжена за лифтови, „National Elevator Industry“, откри дека копчето за затворање на вратата во лифтовите нема никаква функција. Поточно, има само психолошка.

Постои и многу добра причина зошто ова копче всушност не работи – така што луѓето со било какви попречености или инвалидитет имаат доволно време да влезат во лифтот.

Професорот по психологија Џон Куниос за „Њујорк Тајмс“ изјави дека оваа „бела лага“, односно нефункционалното копче во лифтот, не е ни најмалку штетна, туку напротив ни дава илузија дека имаме поголема контрола отколку што всушност имаме.

– Помалото чувство за контрола е поврзано со депресија, така што ова може да има благ терапевтски ефект – рече психологот.

Патем, претходно беше откриено дека копчињата за вклучување на зелено светло за пешаците на преминот преку патот исто така не работат, но дека тие ја имаат истата психолошка функција – тие ни даваат чувство на контрола.