Има луѓе кои невини лежат, јас не знам зошто. За да биде магијата голема треба да се осудат неколку луѓе на стотици години затвор. 8-те кои се договараа со Заев, они ќе си го живеат животот онака како што ќе си го живеат. Ако јас гласав за промена на име, немаше да бидам тука. Јас живеам под кирија во Скопје, а моите деца се невработени.

Тој вели дека им биле понудени сериозни суми за промена на името. Тоа што го пишуваше тоа дека сум земал пари е мое девалвирање. Секој мој говор во Собрание имаше многу лајкови. Јас бев таргетиран бидејќи имав углед кај граѓаните. Мене некој ме ставил на листа, Груевски изгледа. На прашањето дали Груевски плачел на негов говор, тој вели дека имало таков случај.

Јас Нова Година со Сотир Костов и Дафина Стојановска ја пречекавме пред Шутка. Од 11ипол до 1 ипол бевме пред Шутка и држев говор таму за да тие грешно осудени луѓе да добијат правда, вели Јовановски.

Груевски 2004 година се сложи да излезат да гласаат нашите за да победи Бранко Црвенковски. Затоа и 2006 година дојде на власт. Ние ќе бевме на власт ако го направевме тоа. Дајте ми кола и дајте ми микрофон, каде што ќе оди Заев по градовите, јас утре ќе бидам после него, на говор. И тврдам дека ако бевме на референдум, ќе победевме, додава тој.

Тој вели тоа го кажал пред Христијан Мицкоски и претседателството на ВМРО-ДПМНЕ.