Од 1992 година сум во оваа работа, тогаш беше изборот на МИС и тогаш почнав да одам на обука за водител. Бев средно 4-та година. Се случи случајно. Немав намера телевизија.

Бев на економски факултет, цел живот си мислев дека со тоа ќе се занимавам. Почнав со утринска емисија. Беше септември и тогаш бев со Роберт Поповски. За жал нема снимка и е уништена таа снимка од првата емисија. Имам некои снимки, но не од првата, вели популарната водителка Татјана Стојановска во емисијата „Еден на Еден“ кај Жаре.

Новите емисии на Жаре се навистина еден нов стил во шоу-емисите во Македонија. Имено, тој ја започна емисијата јавувајќи и се на водителката а таа го чекаше тој да ја земе со автомобил од пред зградата каде што живее.

На 20 февруари се вративме од Нов Зеланд и по 20 дена од тогаш се стави клуч на светот. Си викам „Боже, сега патувавме на крајот од светот, се вративме дома и се затвори светот. Се затворија аеродромите и буквално тоа ми беше шок. Бевме на гости кај сестра на Михаил со семејството. Многу сум воодушевена од таа земја. Зелено, екологија, природа. Она што е во мојата природа. Јас сум едноставна и сакам природа, сакам се што значи почитување на природата.

Татјана зборуваше за нејзината работа: Мораш да се наштимаш, да влезеш во студио и во тој половина час да го изработиш тоа професионално.

– Не носам мобилен во студио, немам потреба од мобилен. Само ќе ми пречи. Уредникот си ги уредува вестите, ако има нешто ќе ми го донесе. Тоа го добивам како информација преку слушалка од режија. Уредникот доаѓа ако треба нешто да се донесе. Доста гледаност имаат тие вести во 21:00 часот. Многумина мислат дека јас ги креирам вестите, па етикетираат. Јас сум професионалец, работам професионално без разлика на уредувачката политика на телевизија. Со сите сум супер професионално. Има секакви мислења, но мислам дека во последно време разбираат дека професионално си ја работам работата.

Она што е сменето од порано до сега, таа вели:

Не се менува стилот на репортерите. Прилог, тема, иако сметам дека треба да бидат повеќе динамични вестите. Прилозите треба да бидат пократки бидејќи вниманието на гледачот се задржува до минута, минута ипол. (ВИДЕОТО ОД ЕМИСИЈАТА ПОДОЛУ)

Водителката вели дека има и стресни ситуации. Таков бил периодот во 2001 година, а најтешки вести и бил погребот на Тоше. Јас бев со директен пренос од А1 телевизија, ти се плаче во тие моменти, не бев претходниот ден на смена, се исплакав, шокот не помина, но бев сосредочена. Тие ми беа најтешки вести и конфликтната 2001 година, додава таа.