Една жена од Бјеловар остана без својот автомобил. Автомобилот се запалил и изгорел целосно откако сопственичката го управувала автомобил само со прва брзина, објави Index.hr.

77-годишната жена вели дека не го возела скоро пет месеци, но повторно морала да започне да го користи автомобилот поради лични потреби.

„Не возев пет месеци, влегов во автомобилот и се упатив кон центарот на градот. Се сеќавам дека се префрлив на прва брзина и тргнав. Бидејќи барав место за паркирање, возев полека, го паркирав автомобилот и отидов во град. Мојата куќа е оддалечена само еден километар од Деметрова, каде што го оставив автомобилот. Кога се вратив за еден час, полицијата и пожарникарите беа на улица. Бев шокирана кога ги видов како стојат покрај мојот автомобил, што беше покриен со пена. Ми рекоа дека се запалил “, изјави сопственичката.

Истрагата утврдила дека пожарот се случил затоа што сопственичката на автомобилот возела со прва брзина од нејзината куќа до споменатото паркирано место, што предизвикало прегревање на моторот.

„Откако го паркирала автомобилот и заминала, дошло до самозапалување под хаубата, која изгоре целосно, а предното ветробранско стакло се скрши“, велат во полициското одделение Бјеловар-Билогора.