Ја прифаќам сугестијата, сакам да учам, критиката држи вода, повеќе „бели глави“ се потребни и на поистурени функции, нагласи Заев.

Новиот состав на СДСМ треба да биде авангардата што влече напред, потенцира лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервјуто за ,,Утрински брифинг” на Слободна Тв.

Тој вели дека и во овие последни четири години немало мудреци со бели коси што седеле во раководството, но партијата има сериозни државнички политики.

-Новината не е само во слободата и демократијата. Денеска сме меѓународен пример, потврдени од сите, добредојдени, соработката и пиететот со кој што се зборува за Северна Македонија е врв на Балканот. Пример сме, имаме пријатели, станавме членка на НАТО. Веќе е видливо дека поразлично се живее – парите се враќаат кон граѓаните, зборуваме за 300% социјална помош, покачени пензии и плати, работнички права, што е поприлично различно од порано, додаде Заев.