Упатувам огромна благодарност до нашата другарка Radmila Sekerinska, мојата заменичка во најтешките години кога земјата ја извадивме на прав пат.

Заедно се боревме против огромно зло, заедно се радувавме на историските успеси. Нејзината посветеност, темелност, аналитичност и самокритичност се пример за сегашните и идните социјалдемократски генерации.

И Радмила и јас добро знаеме дека нови успеси се можни само со нови идеи и кадри кои црпат поддршка и знаење од сениорите.
Ова не е збогување, ова е реорганизација. Радмила продолжува со сите нас, до нови големи успеси за граѓаните и за државата!

Линк до објавата Zoran Zaev – Posts | Facebook