Премиерот Зоран Заев апелира до граѓаните крајно внимателно да ги почитуваат постоечките и новите мерки, а надлежните инспекциски служби да ги интензивираат контролите со цел нивна стриктна примена и почитување.

На неговиот профил на Фејсбук се посочува на новите мерки за заштита на населението од Ковид-19 и спречување на неговото ширење.

-Од 16 август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект на отворено, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани) на отворено. Мерката се однесува на лица над 18 годишна возраст

Заев потсетува и дека од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетереии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.