Радмила Шекеринска и официјално замина, а нов заменик на лидерот Зоран Заев во СДСМ е Сања Лукаревска.

Венко Филипче, Мила Царовска, Фатимир Битиќи и Оливер Спасовски се избрани за потпретседатели на СДСМ на конгресот. Новиот состав на ЦО му даде уште еден мандат на досегашниот партиски секретар, кој е сега и вицепремиер за спречување корупција вицепремиерот Љупчо Николовски останува генерален секретар на СДСМ. Перо Костадинов, градоначалникот на Валандово е претседавач со ЦО.

На местото на Душко Весковски нов организациски секретар е Мартин Попов.
Ја јакнеме арматурата на нашата држава, изјави на Конгресот премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, додавајќи дека се зајакнати меѓуетничките односи, и дека никаква блокада нема да ги демотивира.

„Благодарност до мојата другарка Радмила, што беше моја заменичка во најтешките времиња“, рече Заев.

Откако заврши конгресот, претседателот на СДСМ, Зоран Заев даде кратко интервју за ,,360 степени”, а меѓудругото одговори на прашање поврзано со екс заменик-претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска.
Тој кажа дека таа ќе останела другар и соработник на Заев, потенцира дека во нејзин мандат станавме членка на НАТО.

,,Радмила е еден сериозен, редок кадар во Европа, а не само за Македонија кога станува збор за меѓународната политика. Искусен политичар, којшто секој сака да го има до себе.” вели во интервјуто Заев.

Тој на крајот од краткото интервју кажа дека ги почитува одлуките на секој член на СДСМ, но нема лесно да ги пушти да се тргнат од политиката, бидејќи биле потребни.
,,Секој наш капацитет треба до масксимум да биде искористен, верувам дека Радмила не го има кажано своето последно во политиката, партијата, секако и во државата.

Целосното интервју на Заев за ,,360 степени” може да го погледнете на следниот линк