Поранешниот премиер Алексис Ципрас во денешното интервју за ТВ21 откри дека премиерот Зоран Заев ќе му биде гостин за време на летниот одмор што ќе го помине на Халкидики.

Лидерот на СИРИЗА рече дека двајцата протагонисти на Преспанскиот договор таму ќе ја имаат следната средба, на која ќе евоцираат спомени.

– Знам дека го поминува одморот на Халкидики и се договоривме годинава да се сретнеме порелаксирано. Веројатно и да се потсетиме на тешките моменти и да поразговараме за иднината , затоа што колку што постигнавме досега, да постигнеме уште повеќе во иднина – рече Ципрас.