Виенскиот економски форум е исклучително успешен и ја остварува својата мисија да биде точка за унапредување на регионалната економска соработка на земјите од Западен Балкан и Југоисточна Европа. Особено е важно што форумот на најкреативен и инспиративен начин ги поврзува политиките на владите од регионот и нивните амбиции и заложби помеѓу претставниците на бизнис заедниците, на земјите од овој дел на Европа, истакна премиерот Зоран Заев во своето обраќање на Виенскиот економски форум, посветен на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан.

-Кога беше најавен економскиот инвестициски план се соочувавме со третиот бран на пандемијата и ние се организиравме како економија како да го искористиме ова да ги мотивираме нашите капитални инвестиции со парите резервирани за Западен Балкан, да го искористиме овој потенцијал во нашата економија, нашиот домашен потенцијал, но и на странските инвестиции.

Креиравме дополнителни шест милијарди евра, што е плус на тоа што ќе го добиеме како дел од Западен Балкан, додаде премиерот во своето обраќање.

Заев ги охрабри сите земји да ја искористат кризата како потенцијал и можност, надевајќи се дека резулатите досега се добар пример и дека економијата е во добра состојба и ќе закрепнат од економската криза и пандемијата.

-Во првите четири месеци имаме 22 проценти раст во нашите приходи во споредба со минатата година, односно четири отсто во споредба со првите четири месеци во 2019 година. Извозот ни е за 30 проценти поголем од првиот квартал во 2020 година, односно 40 проценти поголем од првиот квартал во 2018 година. Нашата економија е многу поотпорна од онаа на ЕУ, бидејќи е многу флексибилна и затоа имаме многу странски инвестиции, што работат со поголем профит и оддржлив профит бидејќи имаме ниски трошоци и даноци, цената на материјалите е мала и сите учествуваме во економијата, посочи премиерот.
Извор: ,,Слободен печат” прочитајте ја целата статија на следниот линк