Лидерот на СДСМ потенцираше дека проектот „Парите назад кај граѓаните“ ја прави суштинска разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи претходно, цели 11 години парите завршуваа кај неколкумина во власта, во барок, споменици и криминални тендери.

На денешниот Конгресот претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред сопартијците порача дека партијата е наместо за барок, парите ги насочи кон граѓаните.

Со доаѓањето на власт и реализирањето на проектот „Парите назад кај граѓаните“, започна ново, светло поглавје во македонската историја. Наместо на барок, споменици и криминални тендери парите ги насочивме кон проекти важни за граѓаните – истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев во воведното обраќање на 26. конгрес на партијата.

– Ја зголемивме минималната плата од 9.000 на 14.500 денари, а денес таа изнесува 15.200 денари. Платите почнаа да растат во сите сектори, просечната плата константно расте до денеска и стигна до над 28.000 денари. Ги покачивме пензиите, ја зголемивме социјалната помош за 300%, го решивме проблемот со стечајците, а невработеноста ја намаливме на рекордно најниски стапки од независноста до сега – потенцираше премиерот Заев.