Чекајќи долги години пред портите на ЕУ следуваат вакви изјави

Не ни треба Европската унија по цена на македонскиот идентитет и јазик ова утринава го изјави премирот Зоран Заев кој со министерот Спасовски вршеа увид на реновираниот објект на ОВР Ресен.

Ги постигнавме големите договори досега штитејќи ја нашата национална посебност кон македонскиот јазик и идентитет. Тоа е чувство, не постои договор кој ќе го утврди начинот на кој зборуваме и како се чувствуваме. Тоа е европска вредност, затоа Европа стои позади сите наши позиции. Драго ми е што Бугарија признава дека

нема проблем со македонскиот јазик и македонскиот народ, вели премиерот Заев

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се нервезни затоа што никако не успеваат да го одбранат криминалот во своите редови

Од СДСМ реагираат дека во ВМРО-ДПМНЕ се нервозни и шират лажни вести и дезинформации, а поддржуваат и протести на кои се бранат криминалци, затоа што, како што нагласуваат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ никако не успеваат да го одбранат криминалот во своите редови, не успеваат да ги реализираат нарачките од Будимпешта.

„Нервозата кај Христијан Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ е голема затоа што никако не успеваат да го одбранат криминалот во своите редови, не успеваат да ги реализираат нарачките од Будимпешта.

Затоа секојдневно шират лажни вести, невистини и дезинформации, затоа поддржуваат протести на кои се бранат криминалци и насилници.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застанаа зад осудените насилници од крвавиот четврток кои упаднаа во Собранието и се обидоа да убијат пратеници, застанаа зад криминалот на нивниот тајкун Орце Камчев, не успеваат да го одбранат криминалот на нивниот ментор Сашо Мијалков.

Целата јавност слушна снимка каде се докажува соработката на Мицкоски со Зоран Милески Кичеец, а сега ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за правдата и конструира непостоечки случаи.

Христијан Мицкоски потфрли во исполнувањето на неговата единствена задача да ги одбрани криминалите на луѓето што го поставија на чело на белиот дворец.

Мицкоски наместо на страната на граѓаните и државата, стои на браникот на криминалот и затоа шест пати за четири години е поразен на избори и уште долго ќе остане во опозиција.“, се вели во соопштението од СДСМ.