Заев порача дека треба да застанеме гордо до него.

Вечерва нашиот македонски баритон Васил Гарванлиев настапува на првото полуфинале на „Евровизија” под редниот број 6. Ве повикувам сите кои живеете во странство и кои според евровизиските правила имате можност да гласате да го дадете својот глас за Васил и “Here I stand”, истакна премиерот Зоран Заев преку социјалната мрежа „Фејсбук”.

Порача дека треба да застанеме гордо до него.

-Тој гордо стои пред сите нас, да застанеме и ние до него. Среќно Васил!, напиша Заев.