Ова е прва жена кај нас што доби ново срце. Во сите три случаја донорите на срце беа жени. Операцијата траеше околу 5 часа и беше изведена во просториите на државната кардиохирургија.

Зачука новото срце кај 39-годишна жена која доби срце од починат донор. Веста дека операцијата е завршена прв ја објави д-р Жан Митрев.

Кога е човечки живот во прашање не е важно дали е ден или ноќ, викенд или работен ден. Согласно претходно извршените подготовки, рано утрово околу 6:30 часот тимот кардиохирурзи го почна оперативниот зафат со цел трансплантација на срце од починат донор.

Во просториите на државната кардиохирургија академик д-р Жан Митрев заедно со д-р Никола Христов и проф. д-р Сашко Јовев од државната кардиохирургија придружени од анестезиолозите, како и тим на перфузонисти, инструментари, медицински сестри ја изведоа оваа операција која траеше околу 5 часа со што и официјално успешно беше извршена третата трансплантација направена во нашата земја.

Станува збор за 40-годишна жена чие семејство даде согласност, нејзиното срце да продолжи да чука во градите на 32-годишна жена“, објави д-р Митрев.

Во текот на денот се очекуваат уште две бубрежни трансплантации.

Митрев изрази голема благодарност до сите останати доктори од кардиохирургија кои учествуваа во процесот, како и на другите членови на тимот од Клиничката болница „Жан Митрев“: д-р Тања Анѓушева, Александра Темелковска и Катерина Ристовска-Јанев