Според европскиот сервис ЕМСЦ, земјотресот кој бил на 22 километри од грчки Костур, а се случи вечерва во 23 часот и 31 минута бил со јачина од 5.2 степени според рихтер.

Земјотресот силно е осетен и во југозападниот дел на Македонија, особено во Ресен и Битола, но и во делови на Албанија, како на пример Корча.

Граѓаните според првичните коментари објавени на сервисот го оценуваат како многу силен и долг потрес.

Засега нема информации за евентуални штети.