Реал Мадрид вчера го совлада Ливерпул со 3:1 во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите, и со победата се симна притисокот над тренерот Зинедин Зидан. Французинот неодамна повторно се најде на удар на јавноста поради неубедливите игри на Реал Мадрид во последно време.

Медиумите шпекулираа дека Зидан има џентлменски договор со претседателот Флорентино Перез, според кој на крајот од сезоната доколку сака може да си замине од клупата, а со тоа започнаа и шпекулациите за неговиот иден клуб.

Јавноста веднаш го постави Зидан за главен фаворит за клупата на Јувентус каде Андреа Пирло се наоѓа пред отказ. Дали ми недостасува Итлаија повеќе од Дел Пјеро? Подеднакво, Италија е во моето срце, во Торино поминав пет години и Јувентус е п-осебен клуб за мене. Мојата иднина во Јувентус? Засега сум тука, ќе видиме – изјави Зидан.

Зинедин Зидан пет години го носеше дресот на Јувентус, од 1996 до 2001 година и освои шест трофеи од кои два во Серија А.