Пред изборите законот треба да се смени и Советите да се намалат

Паушалите кои им се даваат не се за занемарување, но пред се треба да се намали бројот на општинските советници, пишува Скопско Ехо.

Така ќе се намалат непотребните трошоци, а и самите Совети ќе бидат пофункционални. Што ќе му е на Скопје совет со 45 лица, доволно е да се и 33-ца, смета скопјанецот Иван

Веќе се растрчани партиските послушници да фаќаат врски кај шефовите за да ги кандидираат на изборите за советници по општините. Зошто е тоа така, зошто им е привлечно тоа место?

Предлог-Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка, Предлог-Одлука за доделување на еднократна парична помош, Предлог-Одлука за методологијата за утврдување на критериуми за…, само се дел од десетината точки на дневниот ред кои на една јануарска седница ги имале советниците од Советот на општина Кисела Вода.

Горе-долу, слични дневни редови имаа и советници од останати девет скопски општини и оние од Советот на Градот Скопје. И таа една седница со десетина такви точки се доволни за тој месец советниците да земат редовен месечен паушал од 14.500 до 24.000 денари.

– Паушалите кои им се даваат не се за занемарување, но пред се треба да се намали бројот на општинските советници. Така ќе се намалат непотребните трошоци, а и самите совети ќе бидат пофункционални. Што ќе му е на Скопје совет со 45 лица, доволно е да се и 33-ца, смета скопјанецот Иван.

Тој смета дека има време до локалните избори да се сменат законите и да се намалат бројките на советници.

-Воопшто не сум задоволна од она што советниците во изминативе години го сработиле. Ако работат како што треба, и 2000 евра ако сакаат нека земаат, но по градот се познава дека не се работи како што треба, коментира скопјанката Сандра Петрова.

Гарантиран паушал од 200 до 400 евра и за само една седница

Во Советот на Скопје и во советите на останати десет општини има вкупно 267 членови, избрани на локални избори. На нивно конто, на пример, во 2019 година се исплатени над 816.000 евра, а така сигурно било и лани. Најмногу, како што покажала анализата што ја направил Центарот за граѓански комуникации, месечно биле плаќани 45-те советници од Советот на Градот Скопје – по 24.276 денари, а потоа оние од општина Чаир – 17.184 денари, па од Аеродром, Гази Баба и Карпош – 16.993ден…. Надоместокот се пресметувал по шема со која, зависно од бројот на советниците кои ги имаат, тој може да биде од 40 до 70 отсто од просечната плата исплатена во државата во минатата година. Услов да го добијат е месечно да одржат барем една седница.

-Не знаев дека советниците земаат толкави паушали. Итно најмалку да им се преполоват оти не ми е познато што толку работат за толкав паушал. Нека работат без хонорар за доброто на градот и на општината. Ги има во голема бројка, а земат цела плата иако имаат и друга работа, смета Сашо Георгиевски.