Репортерот на телевизијата „Фокс“, Енди Слејтер на „Твитер“ објави снимки од моментот кога се урна облакодерот во Сурфсајд, Флорида.

Судејќи според снимката, најпрво попуштил средишниот дел на облакодерот, а девет секунди подоцна и страничниот дел.

СВЕТ(Видео) Објавена снимка од моментот кога се сруши облакодерот во ФлоридаОбјавено пред 5 часа – 24 јуни, 2021Од Макфакс

Репортерот на телевизијата „Фокс“, Енди Слејтер на „Твитер“ објави снимки од моментот кога се урна облакодерот во Сурфсајд, Флорида.

Судејќи според снимката, најпрво попуштил средишниот дел на облакодерот, а девет секунди подоцна и страничниот дел.

Облакодерот од 12 ката и 135 станови во градот Сурфсајд, во близина на Мајами бич, се урна во текот на ноќта. Уништени се 55 станови. Досега е потврдена смртта на едно лице, а од урнатините се извлечени околу 40 лица, меѓу кои е едно дете.

Сали Хејман, претставничка на округот Мајами-Дејд, изјави дека во моментов не е познато каде се 51 лице за кои се верува дека живееле во делот на облакодерот што се урна.

Таа за Си-ен-ен посочи дека овие луѓе или не се јавиле лично или никој не јавил за да ги пријави за исчезнати.

Во тек е голема операција за спасување, која може да трае со денови.