Скопскиот градоначалник Петре Шилегов деновиве е актуелен по набавката на противпожарното возило во Скопје, но и по денешната објава за улица Љубљанска во Карпош, која предизвика лавина од реакции и коментари на неговата официјална фејсбук страница.

Имено, првиот човек на главниот град сподели слика од улица Љубљанска ПРЕД и ПОТОА и напиша „чекор по чекор“ и „Скопје една поинаква приказна“.

Она што може да се забележи на самиот пост е дека најголемиот број од реакциите e емотиконот ХАХА односно дури 784, по што следуваат 752 лајкови.

Но тоа не е се. Постот на Шилегов предизвикал и многу коментари, па дел од нив ги пренесуваме во продолжение:

Да ја сликавте на зима сликата „пред“, на „потоа“ ќе можевте да се пофалите со зеленилото. Во секој случај драстична промена

Што е променето? Јас гледам само затемнета и осветлена слика!?

да ги тргневте билбордиве па да речеш #имаразлика.

Само луѓето со високо IQ можат да ги пронајдат трите разлики.

Конечно нешто што Коце направи ти успеа да офарбаш.

Сепак и не е се така црно во коментарите. Постои и една госпоѓа која го брани градоначалникот и која вели: НА ЦЕПЕНИЦИВЕ “ПЛУКАЧИ” СЕ ИМ Е ЦРНО И ЗАТОА НЕ ПРИМЕТУВААТ НИШТО!

Но доби и реплика: симнете ги розовките наочарки и погледнете го пустошов! И СДСМ и ВМРО избркаа повеќе народ од државава одколу Османллиите.

Koe е вашето мислење за постот на скопскиот градоначалник? Линк од објавата на Фејсбук видете (1) Facebook