Младите од ВМРО-ДПМНЕ денеска на кејот на Вардар во Скопје цртаа илјадници срца, со спреј во црна боја, како потсетник на починатите од ковид-19 во земјава – 4.108 срца, колку што изнесуваше до вчера бројката на смртни случаи во земјава од почетокот на епидемијата.

Од опозициската партија повторно побараа одговорност од министерот за здравство поради здравствената политика за време на кризата, поради која, како што велат илјадници граѓании починаа чекајќи вакцини, слободни кревети, поевтини лекови и соодветна терапија за да бидат излекувани од ковид-19.