Популарниот италијански милионер и миленик на жените, Џанлука Ваки (52), денеска се вакцинираше во Србија.

Џанлука пристигна во Белград со приватен авион, а тој дошол само заради вакцинирањето.

Италијанскиот плејбој повторно ќе дојде во Србија, каде, исто така, за три недели во српската престолнина ќе ја прими втората доза од вакцината.

На радост на многу дами ширум светот, италијанскиот милионер се вакцинираше без маица, а тој бил видно расположен и насмеан.

На Џанлука му помогнал белградскиот бизнисмен Андреја Кесиќ да дојде во Белград за да се вакцинира.

Џанлука се прослави со видеата во кои танцува, а со години е во центарот на вниманието и е еден од сопствениците на најинтересните профили на Инстаграм кои ги следат милиони, кога станува збор за оние кои се заинтересирани да гледаат убави жени, луксузни недвижности, јахти, трошење пари и луда забави. Инаку, Џанлука „тежи“ 450 милиони евра.

Покрај тоа што пушта музика на забави ширум светот и ужива во убави девојки, Ваки секојдневно тренира, неговото тело е целосно покриено со тетоважи и веројатно никогаш не би претпоставил колку години има Италијанецот.

Џанлука веќе неколку години е во сериозна врска со манекенката Шарон (28), а неодамна добија ќерка, која гордите родители ја нарекоа Блу Ерусалим Ваки.