Од италијанската цивилна заштита ги предупредиле жителите на јужниот регион вечерва да останат во затворени простории, поради можност остатоци од кинескиот сателит да паднат на нивна територија.

Според зборовите на директорот на Цивилната заштита, Фабрицио Курч, постои мала веројатност делови од сателитот да паднат и да оштетат згради, но во секој случај советуваат околу 2 часот по полноќ на 9. мај останат зад затворени врати.

Како што е веќе соопштено, остатоци од кинескиот сателит кој е во орбитата без контрола со центарот на Земјата, треба да паднат, според процените на кинеските стручњаци некаде во море, но постои и мала веројатност за завршат каде што е планирано