Од ноќеска ударна вест во Америка, па и целиот свет е дека основачот на „Мајкрософт“ и американскиот милијардер Бил Гејтс се разведува од сопругата Мелинда по 27 години брак.

Тој на својот профил на Твитер објави дека ќе се разведе. А истото го објави и Мелинда.
Во образложението, тие велат дека не се повеќе еден за друг, по 27 прекрасни заеднички години и напорна работа на нивната врска, но дека ќе продолжат да работат заедно.

Минатата година Бил Гејтс се повлече од администрацијата на „Мајкрософт“ кога пандемијата со коронавирусот започна да станува глобален проблем.

Со текот на времето, Гејтс почна да поминува повеќе време на непрофитна фондација која го носи неговото име и името на неговата сопруга, и двајцата се копретседавачи и доверители на фондацијата.
Бил и Мелинда Гејтс се запознале во Мајкрософт. Таа тогаш била маркетинг менаџер во компанија за софтвер. Познатиот пар не потпишал предбрачен договор, па затоа богатството ќе се дели на два делови.
Бил Гејтс е меѓу најбогатите луѓе во светот.