Министерот за здравство е дефинитивно најпопуларниот човек во овој период во Македонија. Речиси а да не постои ден кога Филипче не излегуваше на пресконференции на кои ја известуваше јавнсота за се што беше и е поврзано со коронавирусот.

Откако ситуацијата почна да се влошува, така и лицето на министерот за здравство стануваше се поизморено. Сепак, и покрај нервозата, човекот сакале ние да признаеме или не, се држеше добро на сите пресконференции, и не покажа слабост не само пред граѓаните, туку и пред самите новинари кои му дишеа во врат.

Меѓу многуте актуелни прашања поврзани со кризата што ја донесе коронавирусот, Филипче раскажа и лични приказни. Една од нив е и како му поминува еден обичен ден.

„Станувам околу 4-5 наутро и рано легнувам. Така сум попродуктивен“, му рече тој на Жаре. Во недела ќе дознаеме и на кој спорт е фан министерот, што слушал со колегите во операциона сала, и кои му се омилените филмови.

Во еден момент од емисијата Жаре го прашува Венко дали би прифатил да го слуша Аца Лукас доколку некој од неговите колеги даде таков предлог. Погледнете што одговори министерот