Како мажот прави СКАРА за 1-ви Мај ?

1. Жената оди до продавница и купува се што е потребно. 2. Жената ја прави салатата, го лупи и сечи Kомпирот и го прави Десертот…
3. Жената го припрема Месото за Скарата, го реди во чинија и го носи на скарата каде што ја чека мажот седнат со Ракија во раката…
4. Мажот го реди Месото на скарата….
5. Жената влегува дома да го испржи Компирот и да ја намести Масата…

6. Жената излегува од дома и му вика на мажот да го извади Месото, оти е гототво, да не загори 7. Мажот го става месото во чинија и и’ го дава на жената…

8. Жената го става Месото на масата и го сервира за јадење…
9. Сите го фалат мажот дека многу убо ја испекол Скарата, и и’ викаат на жената, колку е среќна со таков маж

10. После јадењето жената ја раскрева масата и ги мие чиниите

11. Мажот истегнат на Каучот со Пиво во раката ја прашува да ли е задоволна што имала “слободна вечер”, таа го погледнува налутено, а тој и’ вика дека жените никогаш не се задоволни