Супермесечината ја „засени“ цела планета, а најдобро се забележувала во јужноамериканските престолнини, пишува порталот ТОЧКА.
Буенос Аирес, Сантијаго де Чиле и Каракас, престолнините во Јужна Америка, синоќа уживале во огромната Месечина.
Како огромна вжештена топка, Супермесечината високо се издигнувала над Аргентина, Венецуела и Чиле.
Додека се отсликувала во водите на реката Ла Плата во Буенос Аирес, романтичните души помислиле дека небото никогаш не било потемно.
Исклучително големата Месечина заблескала и над Каракас и планината Авила. Јасно била видлива и не се криела зад облаците ниту во Сантијаго.
Инаку, Супермесечината е популарно име кое ѝ се дава на Месечината кога е полна и е најблиску до планетата Земја.
Поради тоа што често во медиумите погрешно се опишува како феномен, астрономите не го сакаат баш тоа име.
Според NASA, овогодишната голема Месечина е наречена и розова. Името го добила по розовиот флокс, растение кое што цвета во пролет.
Полната Месечина можела да се види и во други делови од светот – од Њујорк до Париз и другите европски градови.
Целиот текст и ИЗВОР на порталот ТОЧКА можете да прочитате Точка (tocka.com.mk)