Твитер корисник рекол дека за малку не доживеал сrцев удар, кога погледнал во лице кое гледа во него од машината за алишта.

Како што напишал на Твитер, заборавил дека во машината го ставил кебето на кучето и перница со лик на Дејвид Боуви.

„Речиси доживеав инфаркт“, додал Алекс Бордмен, а неговата фотографија станала вирална за само неколку часа.

„Сигурен сум дека ова би му се допаднало на Боуви“, е само една од реакциите на Твитер.

„Ако тоа е Дејвид Боуви, зошто мојот мозок го гледа Брајан Кранстон? Да бидам искрен, тоа е единственото што го гледам“, гласи уште еден коментар под фотографијата која за неколку дена собрала повеќе од 36.000 лајкови и над 4.300 ретвитови.