Кои се Пинк Пантери и имаат ли конкуренција: Како работат „крадците уметници“?

Членовите на организирани криминални групи, за разлика од обичните криминалци, имаат необични навики.

Кога ќе излезат од затвор, на пример, не прават ништо со месеци, туку се посветуваат на своето семејство и минуваат време дома за да надоместат сè што пропуштиле додека биле зад решетки.

Кога одат на одмор, тоа е истата приказна.

Тие се враќаат во нивната матична земја да ги видат своите роднини, да поминат две-три недели таму, да одат на море некое време и да се извлечат од полицијата.

И тоа успешно трае со години …

Сепак, тие не можат да се сокријат засекогаш.

Така, на крајот на минатиот месец беше уапсен Звјездан Бегиќ (46), член на озлогласената криминална група, родум од Црна Гора.

Тој беше фатен во Аргентина, а Интерпол го бараше поради грабеж на најмалку две златари, една во Кан, а друга во Милано.

Бегиќ беше фатен наутро, на излегување од својот стан во Беунос Аирес.

Кај него пронашле скоро 58.000 долари, 870 евра и некои други пари во разни валути.

Исто така, кај него биле пронајдени лажни документи, вклучително и возачка дозвола на име на аргентински државјанин, роден 1982 година, пишуваат локалните медиуми.

Интерпол го води Бегиќ како член на „Пинк Пантер“.

Бандата го доби тоа име во 2007 година, додека траеше истрагата за грабежите на повеќе од 100 златари низ цела Европа.

Секој имаше по еден „заеднички фактор“ – крадците беа од некои од земјите на поранешна Југославија.

Нивните грабежи се толку „гламурозни“ и спектакуларни што некои криминолози ги нарекуваат членовите на оваа банда „арамиски уметници“.

Бандата го доби прекарот дури по спектакуларен грабеж во Лондон, по што пленот – дијамантски прстен, го сокрија во тегла крем – слична сцена беше снимена и во познатиот истоимен филм.

Потоа, Интерпол формираше специјален тим, тие беа задолжени за „проектот Пинк Пантер“ и ги бркаа крадците во повеќе од 20 земји.

Многу од осомничените учествуваа во војните што се водеа на нашите простори во 90-тите години на минатиот век.

Нивните мети беа во неколку земји и на повеќе континенти.

Грабежот во Јапонија во 2004 година се смета дека е најголем и најуспешен затоа што тие го украдоа познатиот ѓердан „Контеса од Вандом“ со 116 помали и еден голем дијамант, вреден 27 милиони долари.

Најспектакуларно беше во Дубаи, каде во 2007 година влетаа во трговскиот центар со автомобили и однесоа накит вреден 11 милиони долари.

Целиот текст прочитајте го на ВЕЧЕР со линк Кои се Пинк Пантери и имаат ли конкуренција: Како работат „крадците уметници“? (ВИДЕО) – Вечер (vecer.mk)