Повеќе од половина година се зборува за реформи во образованието во Македонија. По основ на промените на наставните планови и програми со осмислени пи-ар шеми, се спроведе (некаква наводна) широка јавна расправа, на која иако над 80% од инволвираните страни се изјаснија против, сепак „реформата“ присилно се спроведува.

Значи нема слух за јавното, стручното и експертското мислење. Под плаштот Природни науки и Општествени науки се избришаа имињата на фундаменталните предмети биологија, географија, физика, хемија, историја, социологија, што е погубно во основното образование да не се слушне дека постојат посебни науки кои проучуваат посебни и одделни проблеми својствени само за конкретната проблематика.

Иронијата да биде поголема и во контекст на пи-ар шемите уште пред прогласувањето на наставните планови се работеше и работи на донесување на нови програми за споените (кркамбар) предмети, кои се базираат на само еден труд од авторите Victoria A.S. Centurino & Lee R. Jones, CHAPTER 2, TIMSS 2019 Science Framework наспроти целокупната Македонска стручна и експертска јавност (со исклучок на неколкуте наводни педагози).

Дигитални учебници

Констатираме дека добивме најнови осакатени наставни планови и програми (кои само што туку беа донесени и имплементирани од 2015 г.), кои треба да послужат за изработка на нови учебници.

Но, какви учебници? Дигитални и тоа само и само дигитални учебници. Огромен број на родители (само официјални бројки од над 75000 лица), стручна и експертска јавност со своите знаења и долгогодишни искуства и особено искуствата од наводната електонска настава во екот на пандемијата Ковид-19 искрено укажуваат на низа недостатоци од исклучиво користење на дигитални учебници, но (како и предходно за плановите и програмите) нема слух и разбирање. Иако некој постојано вика „ние имаме разбирање за укажувањата од народот и си ги исправаме грешките, ако евентуално биле грешки, видете имаме примери“. Но тој некој можеби нема да се премислува (гледајќи дека губи поени) да се заблагодари за „услугите“, бидејќи внатре кај него, неговите не се сложуваат со ваквите концепти.

Голем дел од јавноста укажа на инфраструктурата на училиштата, нивната руинирана состојба, нивната несоодветна опременост, квалитетот на комуникациите, спремноста на наставниците и т.н.

Еден почитуван господин, родител, искусен информатичар дословно ја нацрта сериозноста на не применливост на само и само дигиталните учебници и дигитално учење.

Јас за да не се повторувам (иако тоа е скоро невозможно), како автор на многу учебници, како претседател на совет кој одобрил над 70 учебници во Македонскиот образовен систем, изработувач на бројни програми во доменот на географијата и попатно (меѓу другото), како долгогодишен професор по Методика на наставата чувствувам потреба да го изнесам и моето мислење по само и само дигитални учебници и образование. Имено, и во најоддалечените населени места по светот знаат за дигиталната ера на комуникација и соодветно во рамки на можностите ја користат за своите потреби, но кај образовниот систем, бидејќи е систем ситуацијата е поинаква. Системот мора да биде програмски осмислен и сеопфатен а не фрагментарен,

Тоа значи дека мора да се води сметка за:

психофизичките можности и развој на ученикот,
ангажманот на родителите во сектор за кој плаќаат данок (тие наместо да ја работат својата работа) а треба да ја работат работата на наставниците, економската моќ на родителите за обезбедување на интернет услугите, односот на ученикот и дигиталната апаратура (дали и колку ученикот ќе го гледа дигиталниот учебник наспроти другите предизвици кои му се на располагање), професионалниот карактер на печатените и дигиталните материјали,

Психофизичките можности и развој на ученикот

Општо е познато дека секоја индивидуа има свои индивидуални предиспозиции во својот развој. При иста возраст некои индивидуи се понапредни некои послаби, а целта е на сите да им се овозможат соодветни услови. Таквите можности со само и само дигитални учебници не може да се постигнат. На пример, сериозно е прашањето, како децата ќе се описменат за да може со своите раце да пишуваат текстови во печатна и ракописна форма ако му се нудат само за гледање коси, вертикални, хоризонтални и т.н сликички. Дали така може да се извежба психомоториката на рацете? Јас не сум уверен во тоа.

Во такви услови сериозно се поставува прашањето, каков ќе биде психофизичкиот развој на ученикот. Тие се процедури кои наставникот стрпливо и долго време ги поттикнува и вежба со секој ученик посебно, се до моментот додека ученикот не совлада пишување и читање, како процес на описменување.

Родителите во улога на наставници

Само и само дигитално образование и учебници го зголемуваат ангажманот на родителите во сектор за кој плаќаат данок (тие наместо да ја работат својата работа) а треба да ја работат работата на наставниците. При индивидуалната работа на учениците некој мора да им вклучи конкретни програми, да им пронајде конкретен дигитален учебник, лекција и т.н. Јас не сум убеден дека децата, особено од почетните одделенија можат сами да се снаоѓаат. Родители ме среќаваат и ми се обраќаат со барања од типот „професоре, аман преземајте нешто, не можеме да си ја работиме нашата работа, поради ангажман во образованието на децата“. Наставниците од своја страна само редат домашни задачи и со тоа демек си ја завршиле работата.

Целиот текст прочитајте го на Курир ОВДЕ