Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата, по направената анализа на епидемиолошката состојба, одлучи да ги ублажи мерките воведени заради пандемијата со КОВИД-19.

Во изјава за медиумите, еден ден откако не беа пријавени жртви на коронавирус во Албанија и бројот на нови случаи значително се намали, Комитетот одлучи да ги отстрани маските на отворено од 1 јуни.

„Комитетот смета дека има простор за олеснување на мерките, почнувајќи од први јуни за отстранување на обврската за носење лична заштита на лицето, но останува задолжително во затворен простор и во јавен превоз. Полицискиот час наместо од 22:00 часот ќе почнува од 23:00 и ќе трае до 6 часот, како и до сега“, рече Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик-министерка за здравство.

Според одлуката ноќните клубови и дискотеки и понатаму остануваат затворени а од 15 јуни ќе се дозволи групирање на отворен простор на 15 наместо 10 лица, колку што е сега.

„Доколку епидемолошката состојба продолжи да се подобрува од први јули полицискот час ќе почнува на полноќ и ќе трае до 6 часот. Исто така ќе се дозволи одржување спортски натпревари, тетарски претстави други културни настани и конференции со присуство на со намалени капацитети до 30 отсто од капацитетот според протоколот на Институтот за јавно здравје(ИЈЗ)“, додаде Ракацоли