Во Македонија по долго време имаме град без ниту еден активен случај на коронавирус.

Според најновиот извештај на Министерството за здравство, Дојран нема активни случаи, а Македонски Брод има само 1 активен случај. Кратово има 6, Пехчево 10, Демир Капија 15, а Валандово и Македонска Каменица по 16. Дебар има 22 активни случаи на коронавирусот.

Во земјава се намалува бројот на заболени, што ќе придонесе за олабавување на мерките.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.051, бројката на оздравени пациенти е 138.370, на починати е 5.109, а бројот на активни случаи е 10.572.