Неколку дена откако и официјално ФК Вардар испадна од првата фудбалска лига сакам да му честитам на Петре Шилегов !!!

После 3,5 години успеавте да ја уништите скопската и македонската фудбалска гордост, ФК ВАРДАР!

Од шампион го успешно го вративте во втора лига.

Ние не бевме совршени, но работевме на афирмација на спортот во Скопје. Водилка ни беше скопската спортската звезда
да опстои и да се гордееме со шампионските успеси во Македонија и Европа.

Неодамна, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, изјави дека не може да преземе клуб со долг од 3.500.000 евра. Вардар ја заврши минатата сезона како шампион, но заминувањето на рускиот олигарх Сергеј Самсоненко од кормилото на клубот остави голема финансиска дупка.

– Кога се пласиравме во Лигата на Европа, им реков на луѓето во клубот, дури и на шефот, дека немаме тим што може да биде конкурентен. Едноставно го немаме, ние сме премногу слаби. Од УЕФА добивме пет милиони евра, со тие пари можевме да проектираме буџет за следните три сезони. Тоа е голема сума кога станува збор за македонскиот фудбал. Сепак, не ја препознав желбата дека навистина се работи на засилување на тимот. И јас бев во право. Реал Сосиедад ни даде шест гола, Зенит пет.

Успеавме да одиграме нерешено само со Розенборг на домашен терен – се сеќава тогашниот спортски директор на ФК Вардар, Панчев.