Споредувајќи ги трендовите и со околните земји, мислам дека воведовме одличен модел на балансирање на мерки. Една умерена рестрикција, комбинирана со одговорноста на граѓаните. Во однос на групирањето, и сега преку ден може да се групираат луѓето, еве вчера гледаме во парковите. Обврска земаа верските лидери се што може да се организира надвор.

Сметам дека таков начин на организација, комбиниран со одговорноста на граѓаните ќе не доведе во ситуација да нема прекршување на мерките.

Ова како одговор го даде министерот за здравство Венко Филипче на прашањето како ќе биде групирањето за време на празникот со оглед на тоа дека нема да има полициски час, па граѓаните ќе можат слободно да ги посетат верските храмови.

Според одговорот на Филипче, верските лидери ќе имаат обврска настаните да ги организираат надвор од храмовите односно на отворено.

Првиот човек на здравството апелираше граѓаните да се пријавуваат на сајтот на вакцинација.мк.

Сите граѓаните под 70 години се известувани со порака и меил, вели тој.

На прашањето за лицата со ретки болести за вакцинација тој истакна дека апелирал на разбирање и приоритетни биле луѓето кои ја менаџираат кризата.

Ќе има во следниот период доволно вакцини и сите ќе бидат земени во предвид. Вакцината е безбедна, се надевам како вакцините доаѓаат, пријавувањето на граѓаните ќе биде во поголем број.