Колку превозот е хендикеп за граѓаните од Делчево да се упатат до регионалните центри за вакцинација? Прашања од Делчево365.мк

Тоа ќе биде кој како се снајде, кој како има пари, ако има пари ќе одат, ако не ќе седи дома и ќе си умира. Друго што ќе направи? Свет пари имаа, а и немаа. Он нема леб да јаде, ќе оди да се вакцинира, вели граѓанин од Делчево.

Тоа е многу голем проблем. Треба да се пушти редовна линија на автобус. Знаеш ли колку е скапо со такси? Јас се вакцинирав и сега чекам втора доза.

Најголем проблем сега ни е на нас превозот до Скопје или Кочани или било каде. За вакцинацијата е уште поголем. Мене ќе ми биде страв да отидам со повеќе луѓе. Треба сам да отидам, а голем трошок е да се плати такси. За превозот проблемот е катастрофа. Мора да се пушти автобус како што имаше и порано.

Ова се само дел од коментарите на граѓаните кои пред камерата на Делчево365.мк изјавија дека најголем нивни проблем е превозот односно тоа што веќе немаат редовни автобуски линии.

Линк од видеото погледнете delcevo365.mk – Posts | Facebook