Парите собрани од неколку литургии за откупување на плац за гробни парцели, средување на капијата и останатите преправки во црквата Св. Атанасиј во Усје исчезнаа синоќа.

Некаде по полноќ храмот во храмот е извршен грабеж и од сефот се украдени околу 5.000 евра како што наведе клисарот Ацо Ѓуровски, кој 12 години му служи на овој верски објект..

-Требаше капела да направиме и да се дособерат уште малку пари за да се откупи нивата за гробните места. Тешко е, ова до сега не ни се случило, не очекувавме некој на црква да направи грабеж, ама ете се случи,вели Аце Ѓуровски – Клисар.

Додека бевме присутни се одвиваше и увидот на терен од страна на полицијата, беше пронајден нож од страна на инспекторите со кој бил обиен прозорот кај олтарот на црквата преку кој ограбувачите стигнале до сефот каде што биле чувани парите.
Иако тесен, сепак овој прозорец бил доволен да се влезе во црквата и да се изврши грабежот.

Од страна на МВР за Канал 5 велат дека се собрани потребните податоци за тешката кражба и дека се работи на понатамошно расчистување на случајот со цел да се пронајдат сторителите.
Извор: Канал5