Предлог – законот со кој се регулира недела како неработен ден е поставен на ЕНЕР каде се наведени условите под кои некој може да работи овој ден, пишува 360 степени

Угостителските објекти за свадби и прослави најверојатно ќе може да работат од крајот на мај, најави министерот за економијата Крешник Бектеши.

Сепа тој рече дека ќе се почитува препораката што ќе дојде од Комисијата за заштита од заразни болести, а во зависност од епидемиолошката состојба и бројот на заразени.

„Ние секоја недела носиме полабави мерки. Ако тоа го дозволи ситуацијата и овие објекти ќе може да работат по посебни протоколи“ – Потенцира Бектеши

Ова е за првпат, на средбата со вицепремиерот Фатмир Битиќи, да ни биде кажано дека ќе се разгледува прашањето да се отворат рестораните за организирање свадби. Досега такво нешто воопшто не ни беше ни најавувано, ова е првпат тоа да се случи. Но, сепак, конечниот збор ќе го има Комисијата за заразни болести, зависно од епидемиолошката состојба, вели Мартин Ангеловски, потпретседател на Туристичко-угостителската комора при ССК за „Фактор“.

Тој очекува, доколку Комисијата за заразни болести даде позитивно мислење на 15 мај, да се дозволи вакво работење на објектите веќе од почетокот на јуни. Дотогаш би се одредувале протоколи кои би важеле за нивното функционирање, кои исто така треба да добијат согласност од Комисијата.

Ќе бараме да се дозволи на маса да седат повеќе луѓе, нема логика да бидат четворица, иако тоа е во ред за обичните ресторани. Но, нашите свадбарски маси се големи, од 1,8 до 2 метра, и сосема логично и безбедно е на нив да седат најмалку по шест лица, вели Ангеловски. Линк од изјавата за ФАКТОР прочитајте СВАДБИ СЕ МОЖНИ ОД ПРВИ ЈУНИ – само на отворено, без маски и по шестмина на маса? (faktor.mk)

ПОВЕЌЕ: Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а во моментов пријавени преку веб платформата vakcinacija.mk се над 256.346 граѓани.На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 84.312 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 10.135 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.606 граѓани. Во државата вкупно вакцина и ревакцина примиле 104.962 граѓани, а две дози примиле 20.650 граѓани. Со последните бројки 28% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.