Владата не открива дали државата ќе се спогоди со Крсто Мукоски откако тој ја тужеше земјава во судот за човекови права во Стразбург. Откако екс-пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ беше амнестиран на крајот од 2018 – та година затоа што ги отвори собраниските врати на 27 – ми април и се случи насилството, Мукоски сега бара државата да му плати отштета. Смета дека бил незаконски притворен бидејќи имал пратенички имунитет. Од Министерството за правда велат дека засега постапката е тајна.

„Секоја вакава постапка може да заврши со спогодба. Роковите ги определува судот“, велат од Министерство за правда.

Сега Владата треба да прати одговор до Стразбур на следниве прашања од судот:

Предмет „Мукоски против Македонија“
„Дали наводното лишување од слобода и приведување на апликантот на 28 ноември 2017 година биле во согласност со постапката пропишана со закон бидејќи во тоа време тој уживал и се повикувал на неговиот пратенички имунитет?“

„Дали причините дадени од судовите биле доволни за притвор?“

Поранешната судијка во судот во Стразбург објаснува дека постои инструментот наречен „пријателско спогодување“.

Целиот текст прочитајте го на Алсат Крсто Мукоски ја тужи Македонија за притворот, може да се опари со неколку илјади долари! – Алсат ТВ (alsat.mk)