Се повеќе семејства одбираат вакви алтернативи на куќи – колиби. Тие се многу едноставни за изградба, а не чинат премногу.
Компанијата archedcabins.com од Соединети Американски Држави, ја праќа комплетната куќа на ваша адреса во основен пакет кој содржи и кат, скелет на структурата, тип на изолација R13 за да куќата биде топла и плафони во облик на панели.

Овие куќи се совршени затоа што се евтини, брзо се монтираат и маат се што е потребно да се задоволат основните потреби на станување.

Цените се движат од 1000 евра за најевтиниот модел, до најскапиот кој чини 12 000 евра.

Со оглед дека најскапиот модел има 84 квадратни метри, 4 спални соби и 2 бањи, тоа и не е некоја голема цена.

Оваа компанија лесно може да го прилагоди вашиот иден дом на вашиот вкус врз основа на фотографии кои ќе им ги испратите и на кои ќе им претставите какви куќи сакате.

Иако крајната цел на овие објекти е да станат дом, помалите модели (4 квадратни метри) може да се користат како складишта или дури и како џиновски куќи за вашите миленици. Можностите се бескрајни.

Дали би купиле куќа како оваа за 1000 евра?