СВР Штип поднесе кривична пријава против Ш.М.(42) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.

Во периодот од август до ноември 2020 година во Штип, пријавениот лажно се претставувал и две лица од Штип довел во заблуда дека лекува болести.

Тие му дале пари, злато и мобилни телефони и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 788.200 денари, соопштија од МВР.

Повеќе содржини: Утре ќе пристигнат 200.000 вакцини од кинескиот производител Синофарм.

Министерството за здравство соопшти дека утре во 05:00 часот изутрина во Поликлиниката Јане Сандански ќе бидат пречекани вакцините.

На настанот освен министерот Венко Филипче ќе присуствува и амбасадорот на Народна Република Кина Џанг Ѕуо.