„Тешко мене без тебе“ е дует темата кои ја снимија Лила Филиповска, водителката на популарното шоу „Се или нешто“ и младиот и талентиран пејач Филип Пешевски, пишува женскимагазин.мк

Ова не е првпат Филиповска да вплови во музичките води. Во 2003 година со водителот Александар Блажевски ја претставија песната „Енигма“.

– „Тешко мене без тебе“ е прекрасна композиција која ми легна од прво слушање. Филип е младо момче на кое му претстои блескава кариетра. Драго ми е што сум дел од неговите почетоци – вели Лила, пренесува Женски Магазин.

Пешевски е автор на музиката и текстот, а аранжманот е на Роберт Билбилов. За песната е реализран и видео клип во режија на „Томато продукција“. Во улога на продуцент, за првпат се јавува Зоран Василвски -Фаци.

– Идејата ми беше да направам високо буџетен спот. Да покажеме дека и ние имаме убави жени и добри пејачи кои треба да ги промовираме надвор од Македонија. Да покажеме дека имаме мода и луксуз како сите земји од Балканот но и подалеку. Спотот е сниман на повеќе локации во Скопје. Лила се појавува со четири аутфита. Има дел во кој игра со танчерки како Џеј Ло.

Целиот текст прочитајте го на Женски Магазин Лила повторно запеа: Сними дует со Филип Пешевски и танцува како Џеј Ло (zenskimagazin.mk)